111 - Al-Masad ()

|

(1) 1. Нека пропаднат рацете на Ебу Лехеб, и тој пропадна!

(2) 2. Нема да му биде од корист богатството негово, а ни тоа што го стекнал,

(3) 3. ќе влезе тој сигурно во огнот разгорен,

(4) 4. и жена му која носи дрва;252
252 Ебу Лехеб му бил чичко на Мухаммед, а.с., но и негов најголем противник, заедно со својата жена Умму Џемила, сестрата на многубошкиот лидер Ебу Суфијан. Ебу Лехеб во секоја прилика го клеветел Мухаммед, а.с., со тешки лаги, а неговата жена собирала трнливи дрва и трње кои ги фрлала по патот по кој поминувал Мухаммед, нека е Божјиот мир над него.

(5) 5. на вратот нејзин ќе има јаже од пламен исукано!