49 - Al-Hujuraat ()

|

(1) 1. О, верници, не истапувајте пред Аллах и пред Пратеникот Негов, иплашете се од Аллах! Аллах, навистина, сè слуша и сè знае.

(2) 2. О, верници, не кревајте го гласот свој над гласот на Веровесникот и не разговарајте гласно со него, како што разговарате гласно едни со други, да не бидат поништени делата ваши, а вие и да не забележите.

(3) 3. Навистина, на тие што ќе ги стишат гласовите свои пред Аллаховиот Пратеник – а тоа се тие чии срца Аллах ги искушал во богобојазноста – им припаѓа прошка и голема награда.

(4) 4. Навистина, тие што те повикуваат зад собите – повеќето од нив не сфаќаат.222
222 Многумина бедуини кога би доаѓале во Медина и би го довикувале Мухаммед, а.с., толку гласно, што секој кој би бил во близина можел да ги чуе. Не знаеле да му го укажат заслуженото почитување на Мухаммед, а.с. Затоа во овој ајет се прекоруваат.

(5) 5. А да се стрпеа додека ти самиот не излезеше, подобро ќе им беше, а Аллах простува и Милостив е.

(6) 6. О, верници, ако некој грешник ви донесе некаква вест, добро проверете ја, не знаејќи некому зло да не му направите, па, заради тоа што сте го сториле да се покаете.

(7) 7. И знајте дека меѓу вас е Аллаховиот Пратеник; когатој би вепослушал во многу нешта, навистина би настрадале, но Аллах на некои од вас вистинското верување им го омили, и во срцата ваши како убаво ви го прикажа, а неверувањето и развратот и непослушноста ви ги направи замразени. Таквите се на Вистинскиот пат,

(8) 8. со добрината и благодатта Аллахова – а Аллах сè знае и мудар е.

(9) 9. Ако се судрат две групи верници, смирете ги; а ако едната од нив сепак ѝ стори насилство на другата, тогаш борете се против таа што сторила насилство сè додека не се врати кон Аллаховите прописи. Па ако се врати, тогаш непристрасно смирете ги и бидете праведни; Аллах, навистина, ги сака праведните.

(10) 10. Верниците се само браќа, затоа смирете ги вашите двајца браќа и плашете се од Аллах за да ви се укаже милоста.

(11) 11. О, верници, мажите едни на други нека не им се потсмеваат, можеби едните се подобри од нив, а ниту жените на други жени, можеби тие сеподобри од нив. Ине прекорувајте сеедни со други иненарекувајте се едни со други со грди прекари! О, колку е грдо грешничкото име по верувањето! А тие што нема да се покајат – самите на себеси неправда си чинат.

(12) 12. О, верници, чувајте сеод многу сомнежи, некои сомнежи сенавистина грев. И не шпионирајте се едни со други и не озборувајте се едни со други! Зарем на некого од вас му е мило да го јаде месото на својот мртов брат? – а вам тоа ви е одвратно – затоа плашете се од Аллах, Аллах, навистина, го прима покајанието и Милостив е.

(13) 13. О, луѓе, Ние од еден маж и од една жена ве создадовме и на народи и племиња ве поделивме за да се запознавате. Најугледен кај Аллах е тој што најмногу се плаши од Него; Аллах, навистина, сè знае и ништо не Му е скриено.

(14) 14. Некои бедуини велат: „Ние веруваме!“ Кажи: „Вие не верувате. Туку кажете: ,Го примивме исламот!‘ – а иманот уште не е влезен во вашите срца. А ако Му бидете покорни на Аллах и на Неговиот Пратеник, Тој ни малку нема да ви ја намали наградата за вашите дела.“ – Аллах, навистина, простува и Милостив е.

(15) 15. ВистинскиверницисесамотиештоверуваатвоАллахивоПратеникот Негов и потоа веќе не се сомневаат, и се борат на Аллаховиот пат со имотите свои и со животите свои. Тие се искрените!

(16) 16. Кажи: „Зарем вие да Го запознавате Аллах за верувањето свое, кога Аллах знае сè што е на небесите и на Земјата! Аллах сè знае.

(17) 17. Тие ти префрлаат што примиле ислам. Кажи: „Не префрлајте ми што го примивте исламот; напротив, Аллах вам ви подари милост со тоа што во вистинската вера ве упати, ако искрено говорите.

(18) 18. Аллах сигурно ги знае тајните на небесите и на Земјата и Аллах добро го гледа тоа што го правите.