81 - At-Takwir ()

|

(1) 1. Кога Сонцето сјајот ќе го изгуби,

(2) 2. и кога ѕвездите ќе попаѓаат,

(3) 3. и кога планините ќе се придвижат,

(4) 4. и кога стелните камили без пастир ќе останат,

(5) 5. и кога дивите животни ќе се соберат,

(6) 6. и кога морињата со оган ќе се наполнат,

(7) 7. и кога душите со телата ќе се спојат,

(8) 8. и кога живо закопаното девојче ќе биде запрашано

(9) 9. поради каква вина е убиено,

(10) 10. и кога листовите ќе се разделат,

(11) 11. и кога небото ќе се тргне,

(12) 12. и кога џехеннемот ќе се распали,

(13) 13. и кога џеннетот ќе се приближи -

(14) 14. секој ќе го дознае тоа што го подготвил.

(15) 15. И се колнам во ѕвездите кои се сокриваат,

(16) 16. кои се движат и кои од вид се губат,

(17) 17. и во ноќта кога таа велот го спушта,

(18) 18. и во зората кога дише -

(19) 19. Куранот навистина е кажување на Гласникот благороден,

(20) 20. моќен, од Господарот на Аршот ценет,

(21) 21. кому други му се потчинуваат, таму доверлив!

(22) 22. А другарот ваш не е луд:

(23) 23. тој на хоризонтот јасен го виде

(24) 24. и, кога е во прашање Објавата, тој не е скржав

(25) 25. и Куранот не е говор на проклетиот шејтан,

(26) 26. па тогаш каде одите?!

(27) 27. Куранот е само поука за световите,

(28) 28. за оној од вас кој сака да е на Вистинскиот пат,

(29) 29. а вие не можете ништо да сакате, ако тоа Аллах, Господарот на световите, не го сака!