1 - Al-Faatiha ()

|

(1) 1. о името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот!2
2 Првиот стих од првото Куранско поглавје се повторува пред секое следно поглавје, освен пред деветтото. Овој стих/ајет кај муслиманите е познат по својата оригинална форма - Бисмиллах. Се смета дека таа е интегрален дел од Куранот и дека е објавена поради раздвојување на поглавјата едно од друго. Исто така таа преставува една побожна инвокација која му е објавена на Пратеникот Мухаммед, алејхис селам, за со неа да го почнува секое добро дело. Ја употребувал и на почетокот на секое писмо во својата коресподенција .

(2) 2. Благодарноста Му припаѓа на Аллах3, Господарот на световите.
3 Аллах (ар.) - Бог, Врховниот и Единиот Бог, Господар и Создател, во христијанството познат како Отецот, а во јудеизмот како Јахве.Во Куранот се употребени термините џуз и сура, а ние одлучивме во преводот да гоупотребиме нивното значење, т.е. дел и поглавје.

(3) 3. Семилосниот, Милостивиот.

(4) 4. Владетелот на Судниот ден.

(5) 5. Само Тебе Те обожуваме и само од Тебе помош бараме!

(6) 6. Упати нè на Вистинскиот пат.

(7) 7. На патот на тие врз коишто Твојата благодат ја разлеа, а не на патот на тие врз коишто гневот Свој горазлеа ина тие штовозаблуда скршнаа!