95 - At-Tin ()

|

(1) 1. Се колнам во смоквата и во маслинката,

(2) 2. и во гората Синајска,

(3) 3. и во градот овој безбеден,

(4) 4. дека човекот во најдобар облик го создаваме,

(5) 5. а потоа во најгрозен лик ќе го вратиме,

(6) 6. освен тие што веруваат и што прават добри дела, зашто нив ги чека постојана награда.

(7) 7. Па што, по ова, те наведува да го сметаш за лажен Судниот ден?

(8) 8. Па зарем Аллах не е Најмудриот Судија?!