(1) 1. Се колнам во тркачките коњи задишани,
(2) 2. па искри искрат,249
249 Исфрлаат искри удирајќи со копитата по камења.
(3) 3. и кои в зори напаѓаат,
(4) 4. и трчајќи прав креваат
(5) 5. и така во него заеднички влегуваат.
(6) 6. Човекот, навистина, на својот Господар Му е неблагодарен
(7) 7. и самиот за тоа, навистина е свесен,
(8) 8. и тој, навистина, по богатството е алчен.
(9) 9. А зарем тој не знае дека, кога ќе бидат оживеани тие што се во гробовите
(10) 10. и кога ќе излезе на виделина тоа што е во срцата,
(11) 11. Господарот нивен тој Ден, сигурно, сè за нив ќе знае?