(1) 1. Допре ли до тебе веста за Гашија?
(2) 2. Кога некои лица потиштени,
(3) 3. преморени и напатени
(4) 4. во огнот жесток ќе се пржат,
(5) 5. од изворот жежок ќе пијат,
(6) 6. и кога друга храна освен трње нема да има,
(7) 7. коешто нема да нахрани, а ни гладта нема да ја отстрани.
(8) 8. Некои лица тој Ден ќе бидат радосни,
(9) 9. со трудот свој задоволни;
(10) 10. во џеннетот возвишен,
(11) 11. во кој нема да слушаат зборови празни.
(12) 12. Во него има извори кои течат,
(13) 13. и дивани скапоцени,
(14) 14. и пехари подигнати,
(15) 15. и перници наредени,
(16) 16. и килими постелени.
(17) 17. Па зошто не ја погледнат камилата како е создадена,
(18) 18. и небото како е воздигнато,
(19) 19. и планините како се поставени,
(20) 20. и Земјата како е прострена?!
(21) 21. Ти опоменувај – твое е да опоменуваш,
(22) 22. ти над нив власт немаш!
(23) 23. А тој што главата од Вистината ја врти и не сака да верува,
(24) 24. него Аллах со најголема казна ќе го казни!
(25) 25. Нам, навистина, тие ќе ни се вратат,
(26) 26. и пред Нас, навистина, сметката ќе ја полагаат!