86 - At-Taariq ()

|

(1) 1. Се колнам во небото и во Тарик!

(2) 2. А знаеш ли ти што е Тарик?

(3) 3. Ѕвезда блескава!

(4) 4. Нема човек над кого некој не бдее.

(5) 5. Нека погледне човекот од што е создаден!

(6) 6. Создаден е од течноста што се исфрла,

(7) 7. од врската на надворешните делови на телата на мажот и на жената.

(8) 8. И Тој навистина е кадар повторно да го создаде,

(9) 9. оној Ден кога ќе биде испитувана совеста,

(10) 10. кога човек ниту сила ниту бранител ќе има.

(11) 11. И се колнам во небото дождливо

(12) 12. и во земјата која се отвора кога растенијата никнуваат,

(13) 13. Куранотнавистина еговор кој ја раздвојува вистината одневистината,

(14) 14. тој не е никаква лакрдија!

(15) 15. Тие се служат со разни интриги,

(16) 16. а Јас ги уништувам,

(17) 17. затоа на неверниците дај им уште време, остави ги уште некој миг.