(1) 1. Се колнам во тие ветрови што креваат прашина,
(2) 2. и тие што носат товар,
(3) 3. и во тие што лесно пловат,
(4) 4. и во тие што наредбите ги спроведуваат -
(5) 5. Вистина е тоа што ви се ветува.
(6) 6. Наградата и казната сигурно ќе бидат!
(7) 7. Се колнам во небото со складна убавина,
(8) 8. вие нееднакво зборувате.
(9) 9. Од Него се одвраќа тој за којшто се знаело дека ќе се одврати.
(10) 10. Проклети нека бидат лажливците
(11) 11. кои потонаа во неверување, рамнодушни!
(12) 12. Тие прашуваат: „Кога е Судниот ден?“
(13) 13. Тој Ден кога во огнот ќе се пржат!
(14) 14. „Искусете ја казната своја – тоа е она што го избрзувавте!“
(15) 15. Тие кои од Аллах се плашеа – во џеннетските градини, меѓу изворите ќе живеат.
(16) 16. Ќе го примаат тоа што Господарот нивен ќе им го дарува, бидејќи тие, пред тоа, правеле добри дела,
(17) 17. ноќе само малку спиеја,
(18) 18. и во мугрите прошка за гревовите молеа,
(19) 19. а во богатствата нивни имаше дел и за тој што проси и за тој што е ускратен.
(20) 20. На Земјата има докази за тие што цврсто веруваат,
(21) 21. а и во вас самите – зарем не гледате?
(22) 22. А на небото е снабдувањето ваше и тоа што ви се ветува,
(23) 23. исеколнам во Господарот нанеботои Земјата дека тоае вистина, како што е вистина тоа дека зборувате!
(24) 24. Дали до тебе допре веста за почестените гости на Ибрахим?
(25) 25. Кога му дојдоа и му рекоа: „Мир со вас!“, и тој рече: „Мир со вас, луѓе непознати!“
(26) 26. И тој незабележливо отиде кај домашните свои и донесе испечено теле.
(27) 27. И им го приближи: „Зарем не сакате да јадете?“ – запраша,
(28) 28. чувствувајќи во душата страв од нив. „Не плаши се!“ – рекоа, и го израдуваа со момче кое ќе биде учено.
(29) 29. И се појави жената негова викајќи и по лицето удирајќи се: „Зарем јас стара, неротка?!“
(30) 30. „Така одреди Господарот твој“ – рекоа тие – „Тој е Мудар и Сезнаен.“
(31) 31. „А што имате да кажете о, гласници?“ – праша Ибрахим.
(32) 32. „Пратени сме кај злосторничкиот народ“ – рекоа -
(33) 33. „да истуриме врз нив грутки од глина,
(34) 34. обележано кај Господарот твој за тие што во развратот секоја мерка ја преминале.“
(35) 35. И Ние од него ги изведовме верниците,
(36) 36. а во него само една муслиманска куќа најдовме,
(37) 37. и во него оставивме знак за сите што од страдањето неиздржливо се плашат.
(38) 38. Иво Мусаовото случување има поука. Кога кај фараонот соочигледен доказ го пративме,
(39) 39. а тој, потпирајќи се на моќта своја, ја сврте главата и рече: „Маѓепсник е или е луд!“
(40) 40. И Ние и него и војската негова ги фативме, па во море ги фрливме, бидејќи осудата ја заслужи.
(41) 41. И во Адовото случување има поука, кога на нив пративме ветер во кој немаше никакво добро;
(42) 42. Покрај штои да поминеше, ништо непоштеди, сè во гнилеж претвори.
(43) 43. И во Семудовото случување има поука, кога им беше кажано: „Уживајте уште извесно време!“
(44) 44. И тие беа глуви на наредбата на Господарот свој, па ги уништи страшен глас, а тие само гледаа,
(45) 45. и не можеа ниту да станат, ниту од казната да се одбранат.
(46) 46. И претходно го уништивме Нуховиот народ; тоа навистина беше развратен народ!
(47) 47. Ние небото со моќта Своја го создадовме, и Ние навистина го прошируваме.
(48) 48. и Земјата ја раширивме – толку Сме прекрасни Ние што ја раширивме!
(49) 49. И од сè по пар создаваме за да бидете опоменати!
(50) 50. „Затоа побрзајте кон Аллах, јас сум ви од Него опоменувач јасен!
(51) 51. И не прифаќајте друг бог покрај Аллах, јас сум ви од Него опоменувач јасен! “
(52) 52. А така беше, ниту на тие пред овие не им дојде ниту еден Пратеник, а да не речeа: „Маѓепсник е!“ или „Луд е!“
(53) 53. Зарем тоа во аманет го оставале едни на други? Не, туку тие се луѓе кои во злото секоја мерка ја преминале.
(54) 54. Ти сврти се од нив, нема прекорен да бидеш!
(55) 55. Опоменувај! Опомената на верниците навистина ќе им користи.
(56) 56. Џинните и луѓето ги создадов само за да Ме обожуваат.
(57) 57. Јас не барам снабдување од нив, ниту сакам да Ме хранат,
(58) 58. Снабдувач е само Аллах, Моќниот и Силниот!
(59) 59. А злосторниците ќе ги стигне слична казна како што ги стигна тие што беа како нив, и нека не Ме избрзуваат,
(60) 60. бидејќи, тешко на неверниците од Денот кој им се заканува!