102 - At-Takaathur ()

|

(1) 1. Ве окупира натпреварувањето во умножувањето на богатството

(2) 2. сè додека гробовите не ги населите.

(3) 3. А не чини така, ќе дознаете секако!

(4) 4. И уште еднаш, не чини така, ќе дознаете сигурно!

(5) 5. Не чини така, знајте уверливо,

(6) 6. џехеннемот ќе го видите сигурно!

(7) 7. И уште еднаш, навистина ќе го видите уверени целосно!

(8) 8. Потоа, тој Ден, за убавиот живот ќе бидете прашани сигурно!