(1) 1. Ние го испративме Нух до неговиот народ: „Опомени го народот својпред да го стигне болна казна!“
(2) 2. „О, народе мој,“- говореше тој – „јас сум ви навистина јасен опоменувач!
(3) 3. Аллах обожувајте Го и од Него плашете се и мене послушни бидете ми.
(4) 4. Тој гревовите ваши ќе ви ги прости и во живот до одредениот час ќе ве остави, а кога Аллаховиот одреден час ќе дојде, да знаете дека навистина нема да се одложи.“
(5) 5. Тој рече: „Господару мој, јас навистина народот свој и дење и ноќе го повикував,
(6) 6. но повикувањето мое уште повеќе го оддалечи.
(7) 7. И кога и да ги повикував да им простиш, прстите свои во ушите ги ставаа и со алиштата свои се покриваа – беа упорни и претерано вообразени.
(8) 8. Потоа јас отворено ги повикував,
(9) 9. а тогаш јавно им објавував и во доверба им шепотев,
(10) 10. велејќи: „Барајте прошка од Господарот свој, бидејќи Тој, навистина, многу простува;
(11) 11. Тој дожд обилен ќе ви праќа
(12) 12. и ќе ви помогне со имоти и со синови, и ќе ви даде градини, и реки ќе ви даде.
(13) 13. Што ви е, зошто од Аллаховата величина не се плашите,
(14) 14. а Тој постепено ве создава?!
(15) 15. Зарем не гледате како Аллах седумте небеса, едно над друго, ги создаде,
(16) 16. и на нив осветлена Месечина даде, а Сонцето светилка го направи?
(17) 17. Аллах како и растенијата од земја ве создава,
(18) 18. потоа во неа ве враќа и од неа сигурно ќе ве изведе.
(19) 19. Аллах ви ја направи Земјата пространа,
(20) 20. за да патувате по неа по патиштата пространи.“
(21) 21. Нух рече: „Господару мој, тие мене не ме слушаат и се поведуваат по оние чиишто богатства и деца пропаста нивна само ја зголемуваат
(22) 22. и сплетки големи плетат.“
(23) 23. И велат: „Никако божествата ваши не ги оставајте, и никако, ниту Ведд, ниту Сува, а ни Јегус, ни Јеук, ниту Неср не ги напуштајте!“231
231 Тоа се имињата на некои побожни луѓе кои живееле пред нив, кои умреле, па на чиишто гробови шејтанот (ѓаволот) ги навел да изградат споменици, а потоа ги завел убедувајќи ги луѓето да ги земат како посредници во молењето помеѓу нив и Бог, па за на крај да ги остави тотално да ги обожуваат.
(24) 24. А веќе многумина во заблуда заведоа, па Ти на насилниците само пропаста зголеми им ја!“
(25) 25. И тие поради гревовите свои се потопени, и во Огнот ќе бидат воведени и никого за себе, освен Аллах, како помошник нема да најдат.
(26) 26. И Нух рече: „Господару мој, не оставај на Земјата ниту еден неверник,
(27) 27. бидејќи, ако ги оставиш, тие робовите Твои возаблуда ќе ги заведуваат и само грешници и неверници ќе раѓаат!
(28) 28. Господару мој, прости ми мене, и на родителите мои, и на тој што како верник во домот мој ќе влезе, и на верниците и верничките, а на насилниците само пропаста зголеми им ја!“