(1) 1. Каф! Се колнам во славниот Куран,
(2) 2. тие се чудат што им дошол еден од нив да ги опоменува, па, неверниците велат: „Тоа е чудно нешто!
(3) 3. Зарем кога ќе изумреме и земја ќе станеме? Тоа е незамисливо враќање!“
(4) 4. Ние знаеме што од нив земјата ќе уништи, кај нас е Книгата која сè чува.
(5) 5. Меѓутоа, тие ја негираат Вистината која им доаѓа и тие се колебливи во збунета состојба.
(6) 6. Зошто не го погледнат небото над себе? – како го создадовме и го украсивме и како во него нема неред!
(7) 7. А Земјата ја распостеливме и по неа неподвижни брда расфрлавме и дадовме од неа прекрасни разновидни растенија да никнуваат,
(8) 8. за да размисли и за да се опомене секој роб кој на Господарот свој Му се обраќа.
(9) 9. Ние од небото спуштаме благословена вода и со нејзина помош правиме да никнуваат градини и жито што се жнее,
(10) 10. и високи палми во кои плодовите се натрупани едни над други,
(11) 11. како храна за робовите и Ние со неа ги оживуваме мртвите предели; такво ќе биде и оживувањето.
(12) 12. Пред нив негираше народот на Нух, и жителите на Ресс и Семуд,
(13) 13. и Ад, и народот фараонов, и народот на Лут,
(14) 14. и жителите на Ејка инародот на Тубба; сите тие пратениците залажни ги сметаа и казната Моја ја заслужија.
(15) 15. Па зарем при првото создавање станавме немоќни? Не, но тие во повторното создавање се сомневаат.
(16) 16. Ние го создаваме човекот и знаеме душата негова што му шепоти, бидејќи Ние сме му поблиски од вратната вена.
(17) 17. Кога двајца ќе се сретнат и ќе седнат едниот од десната, а другиот од левата страна,
(18) 18. тој нема да изусти ни еден збор, а покрај него да не е присутен тој што бдее.
(19) 19. Смртните маки навистина ќе дојдат – тоа е нешто од што не можеш да избегаш,
(20) 20. и во рогот ќе се дувне - тоа е Денот ветен со кој се заканува -
(21) 21. и секој ќе дојде, а со него водич и сведок.
(22) 22. „Ти не внимаваше за ова, па ти го тргнавме пердето твое, денес видот ти е остар.“
(23) 23. А другарот негов ќе каже: „Ова што е кај мене, подготвено е.“
(24) 24. „Фрлете го, вие двајца, во џехеннемот секој неблагодарен, инаетчија,
(25) 25. кој не дозволуваше да се чинат добри дела и кој беше насилник и сомничавец,
(26) 26. кој покрај Аллах во друг бог веруваше – затоа фрлете го во жестоко страдање!“
(27) 27. А другарот негов ќе каже: „Господару наш, јас не го заведов со сила, самиот беше во голема заблуда.“
(28) 28. „Не препирајте се пред Мене!“ – ќе рече Тој – „уште одамна ви се заканив.
(29) 29. Мојот Збор не се менува и Јас кон робовите Мои не сум неправеден.“
(30) 30. На Денот кога ќе го прашаме џехеннемот: „Дали се наполни?“ – тој ќе одговори: „Има ли уште?“
(31) 31. А џеннетот ќе биде приближен кон богобојазливите, ниту од еден нема далеку да биде.
(32) 32. „Ова е тоа што ви е ветено, на секој што се каеше и што се чуваше,
(33) 33. кој од Семилосниот се плашеше, иако не Го видел, и кој ќе дојде со верно, посветено срце.
(34) 34. Влезете во него, со селам, спасени. Ова е Денот на вечноста!“
(35) 35. Во него ќе имаат сè што ќе посакаат, а кај Нас има и повеќе.
(36) 36. Аколку народи пред овие уништивме, коишто беапомоќни од нив, па по светот засолниште бараа – од пропаста има ли спас?!
(37) 37. Во тоа, навистина, има поука за тој што има разум, или што слуша, а присебен е.
(38) 38. Ние ги создадовме небесата и Земјата и тоа што е меѓу нив за шест временски периоди, и не Нè совлада никаков замор.
(39) 39. Затоа стрпливо поднесувај го тоа што тие го велат и величај Го Господарот свој и заблагодарувај Му се пред сонцето да излезе и пред да зајде,
(40) 40. и слави Го и величај Го ноќе и по извршувањето на намазот.
(41) 41. И слушај! Денот кога гласникот ќе повика од место блиско,
(42) 42. Денот кога тие навистина ќе чујат глас – тоа ќе биде Денот на оживувањето.
(43) 43. Ние навистина даваме живот и даваме смрт, и кај Нас сè ќе се врати!
(44) 44. А на Денот кога над нив земјата ќе распука тие итајќи ќе излезат; тоа ќе биде за Нас лесно оживување.
(45) 45. Ние добро знаеме што зборуваат тие; ти не можеш да ги присилиш, туку со Куранот потсети го тој што се плаши од Мојата закана!