101 - Al-Qaari'a ()

|

(1) 1. Крајот на светот!

(2) 2. Што е тоа крајот на светот?

(3) 3. И што знаеш ти што е тоа крајот на светот?

(4) 4. Тој ден луѓето ќе бидат како пеперутки раштркани,

(5) 5. а планините како шарена волна растегната.

(6) 6. На тој што добрите дела ќе му бидат тешки250
250 На вагата на Судниот ден.

(7) 7. пријатен живот ќе живее,

(8) 8. а на тој што добрите дела ќе му бидат лесни

(9) 9. престојувалиштето негово ќе биде Хавие.

(10) 10. А знаеш ли ти што е тоа Хавие?

(11) 11. Тоа е огнот распламтен!