99 - Az-Zalzala ()

|

(1) 1. Кога Земјата со својот најжесток потрес ќе се потресе,

(2) 2. и кога Земјата тежините свои ќе ги исфрли,

(3) 3. и кога човекот ќе извика: „Што ѝ е?!“ -

(4) 4. тој Ден, таа, вестите свои ќе ги кажува,

(5) 5. бидејќи Господарот твој ќе ѝ нареди.

(6) 6. Тој Ден луѓето одделно ќе се појават за делата нивни да им се покажат;

(7) 7. тој што дури и трошка добро ќе стори – ќе го види,

(8) 8. и тој што дури и трошка зло ќе стори – ќе го види!