98 - Al-Bayyina ()

|

(1) 1. Несеодвоија одзаблудата неверниците меѓу следбениците на Книгата и многубошците, сè додека не им дојде доказот јасен:

(2) 2. Пратеник од Аллах кој рецитира листови чисти,

(3) 3. во коишто се наоѓаат прописи исправни.

(4) 4. А се поделија тие на коишто им е дадена Книгата токму тогаш кога им дојде доказот јасен,

(5) 5. анареденоимесамоАллахдаГообожуваат,искрено,какоправоверни, верата да Му ја исповедаат, и намазот (молитвата) да го извршуваат, и зекат да даваат; - па тоа е исправната вера!

(6) 6. Тие што не веруваат од следбениците на Книгата и многубошците, сигурно ќе бидат во огнот џехеннемски, во кој вечно ќе останат; - тие се најлошите суштества.

(7) 7. А тие што веруваат и прават добри дела - тие навистина се најдобрите суштества,

(8) 8. наградата нивна кај Господарот нивен ги чека; еденски градини низ кои реки ќе течат, во кои вечно и засекогаш ќе останат; Аллах ќе биде од нив задоволен, а и тие ќе бидат од Него задоволни. Ете, тоа ќе биде за тој што од Господарот свој се плаши!