(1) 1. Тоа што е на небесата и тоа што е на Земјата Го слави и Го велича Аллах, Владетелот, Светиот, Силниот, Мудриот!
(2) 2. Тој на неписмените им испрати Пратеник, еден помеѓу нив, ајетите Негови да им ги кажува и да ги исчисти и да ги научи за Книгата и за мудроста, иако претходно беа во очигледна заблуда,
(3) 3. и на другите коишто сè уште не им се приклучиле, Тој е Силниот и Мудриот.
(4) 4. Тоа е Аллаховата добрина којашто Тој ја дава на тој што Тој сака, а кај Аллах добрината е голема.
(5) 5. Примерот на тие на коишто Тевратот им беше задолжен, па потоа тие не се придржуваа за него - слични се на магаре што носи книги. О, колку се лоши тие што ги негираат Аллаховите ајети! А Аллах нема да му укаже на Вистинскиот пат на насилничкиот народ.
(6) 6. Кажи: „О, евреи, ако тврдите дека од сите луѓесамо вие стеединствени Аллахови миленици, тогаш смртта посакајте ја, ако ја зборувате вистината.“
(7) 7. А поради тоа што го прават рацете нивни, никогаш нема да ја посакаат, а Аллах добро ги знае насилниците.
(8) 8. Кажи: „Смртта од којашто бегате навистина ќе ве стигне. Потоа кај Тој што ги познава невидливиот и видливиот свет ќе бидете вратени и Тој ќе ве извести за тоа што го правевте.“
(9) 9. О, верници, кога во петок на намаз ќе се повика, побрзајте кон спомнувањето на Аллах, и купопродажбата оставете ја, тоа ви е подобро, да знаете!
(10) 10. А кога намазот ќе се изврши, тогаш по земјата раштркајте се и Аллаховата благодат барајте ја и Аллах многу споменувајте Го, за да го постигнете тоа што го сакате.
(11) 11. Но кога тие ќе здогледаат некаква трговска роба или забава, се залетуваат по неа и тебе те оставаат сам да стоиш. Кажи: „Тоа што е кај Аллах е подобро и од забавата и од трговијата.“ А Аллах е најдобриот Снабдувач.228
228 Кога Мухаммед, а.с., во петок напладне (џума намаз) во џамија држел говор (хутба) се зачуле тапани и тапанчиња. Тоа било знак дека доаѓа караван со намирници. Бидејќи во Медина имало недостиг од храна, па многумина муслимани излегле од џамијата да се снабдат со намирници, оставајќи го Мухаммед, а.с., среде говор, Поради тоа, со овој ајет се прекорени.