(1) 1. Кажи: „Мене ми е објавено дека неколку џинни232 прислушкувале ирекле: ,Ние навистина Куранот, кој предизвикува восхит, го слушавме;
232 Џинни - демони. Божјо создание од оган, и како и човекот има слободна волја, па затоа од нив има и верници и неверници (кои му служат на сатаната и се нарекуваат шејтани/ ѓаволи). Во нивната изворна форма, џинните се невидливи за луѓето, но можат да влијаат врз нив.
(2) 2. кој на Вистинскиот пат упатува – и ние во него поверувавме и веќе никого нема на Господарот наш рамен да Му сметаме,‘
(3) 3. а Тој – нека биде возвишено достоинството на Господарот наш! – не Си зел ни сопруга ни дете!
(4) 4. Еден наш безумник за Аллах лаги говореше,
(5) 5. а ние мислевме дека ниту луѓето ниту џинните за Аллах лаги не говорат;
(6) 6. и имаше луѓе кои од џинните помош бараа, па така ароганцијата им ја зголемија;
(7) 7. и тие мислат, како што мислите и вие, дека Аллах никого нема да оживее;
(8) 8. и ние настојувавме небото да го допреме и утврдивме дека е со моќни чувари и огнени метеори;
(9) 9. и седевме околу него на местата за прислушкување за да чуеме нешто, но тој, што сега прислушкува, на метеор кој демне ќе наиде;
(10) 10. и ние не знаеме дали на оние на Земјата им се подготвува зло или Господарот нивен им сака добро.
(11) 11. А меѓу нас има и добри и такви коишто тоа не се, нè има различни видови;
(12) 12. и ние знаеме дека не можеме на Аллах, на Земјата, да Му се спротивставиме, ниту да Му избегаме.
(13) 13. И ние, штом Куранот го чувме, во него поверувавме; а кој верува во Господарот свој, ниту одштета ниту однеправда нетреба да сеплаши;
(14) 14. и има послушни муслимани, а нè има и заталкани; тие што исламот ќе го прифатат - Вистинскиот пат го избрале,
(15) 15. а тие што скршнале, во џехеннемот гориво ќе бидат.“
(16) 16. А да се држат до Вистинскиот пат, Ние со вода обилна би ги поеле,
(17) 17. за со тоа на искушение да ги ставиме; а тој што не сака Господарот свој да го спомнува - Тој во тешко страдание ќе го воведе.
(18) 18. Џамиите се само заради Аллах, и покрај Аллах не молете му се на никого!
(19) 19. А кога Аллаховиот роб стана да Му се помоли, тие во групи околку него збиени застанаа.
(20) 20. Кажи: „Јас само на Господарот свој Му се клањам, и никого Нему рамен не Му сметам.“
(21) 21. Кажи: „Јас не сум во состојба од вас некаква штета да отстранам, ниту на некој од вас каква било корист да му обезбедам.“
(22) 22. Кажи: „Мене никој од Аллаховата казна не може во заштита да ме земе; само кај Него јас можам прибежиште да најдам -
(23) 23. можам само да го соопштам тоа што е од Аллах и од посланието Негово.“ А тој што на Аллах и на Пратеникот Негов нема да им биде послушен - сигурно го чека огнот џехеннемски; во него вечно и засекогаш ќе остане.
(24) 24. И кога тие ќе го видат тоа што им се ветува, ќе дознаат кој е послаб во помош и помалуброен.
(25) 25. Кажи: „Јас не знам дали наскоро ќе биде тоа што ви се ветува или Господарот мој одредил тоа по подолго време да биде.
(26) 26. Тој тајните ги знае и Тој тајните Свои не ги открива никому,
(27) 27. освен на тој што Тој за Пратеник ќе го одбере; затоа Тој и пред него и зад него ги поставува тие што ќе го чуваат
(28) 28. за да покаже дека посланијата од Господарот свој ги доставиле, Тој во детали го знае тоа што е во нив, Тој ја знае бројноста на сè што постои.“