94 - Ash-Sharh ()

|

(1) 1. Зарем не ги направивме градите твои пространи,

(2) 2. и товарот твој од тебе го симнавме,

(3) 3. што на плеќите твои тежеше,

(4) 4. и споменот на тебе високо го воздигнавме?

(5) 5. Па, навистина, по секоја тешкотија доаѓа олеснување,

(6) 6. навистина, по секоја тешкотија доаѓа олеснување!

(7) 7. А кога ќе завршиш, на молитва предај се

(8) 8. и само на Господарот свој обраќај Му се!