85 - Al-Burooj ()

|

(1) 1. Се колнам во небото ѕвездено

(2) 2. и во Денот веќе одреден,

(3) 3. и во сведокот и во посведоченото.

(4) 4. Проклети нека се тие што рововите ги ископаа,

(5) 5. и кои со оган и гориво ги наполнија,

(6) 6. кога околу него седеа

(7) 7. и беа сведоци на тоа што на верниците им го правеа!

(8) 8. А им се одмаздуваа само затоа што веруваа во Аллах, Силниот и за благодарност Достојниот,

(9) 9. Чијашто власт е на небесата и на Земјата, а Аллах е Сведок на сè.

(10) 10. Тие што верниците и верничките ќе ги мачат, и потоа нема да се покајат, ги чека казна во џехеннемот и исто така пржење во огнот.

(11) 11. А тие што ќе веруваат и ќе прават добри дела ги чекаат џеннетски градини низ кои реки ќе течат, а тоа голем успех ќе биде.

(12) 12. Одмаздата на Господарот твој, навистина, ужасна ќе биде!

(13) 13. Тој од ништо создава и повторно тоа ќе го направи.

(14) 14. И Тој простува и полн е со љубов,

(15) 15. Господарот на Аршот, Возвишениот,

(16) 16. Тој прави што Му е Нему по волја.

(17) 17. Дали допре до тебе веста за војските,

(18) 18. за фараонот и за Семуд?

(19) 19. Но, тие што не веруваат постојано негираат,

(20) 20. а на Аллах тие нема да можат да Му избегаат.

(21) 21. А ова е Куранот величествен,247
247 Левхил Махфуз.

(22) 22. на Плочата внимателно чувана.