(1) 1. Се колнам во Сонцето и во светлината негова,
(2) 2. и во Месечината која го следи,
(3) 3. и во денот кога ќе го раздени,
(4) 4. и во ноќта кога ќе го засолни.
(5) 5. И во небото и во Тој што го крена,
(6) 6. и во Земјата и во Тој што ја направи пространа,
(7) 7. и во душата и во Тој што ја создаде,
(8) 8. па патот на доброто и патот на злото сфатливи ѝ ги стори.
(9) 9. Ќе успее само тој што ќе ја исчисти,
(10) 10. а ќе биде изгубен тој што во заблуда ја води!
(11) 11. Семуд поради насилството свое негираше,
(12) 12. кога еден несреќник меѓу нив се појави,
(13) 13. па Аллаховиот пратеник им довикна: „Грижете се за камилата Божја и за времето кога таа треба да пие!“
(14) 14. Но, не му поверуваа, туку ја заклаа. А Господарот нивен заради гревовите нивни ги уништи и до последен ги истреби,
(15) 15. не стравувајќи за последиците поради тоа!