104 - Al-Humaza ()

|

(1) 1. Тешко му на секој клеветник – потсмевач,

(2) 2. кој богатството го натрупува и го пребројува,

(3) 3. и мисли дека богатството негово бесмртен ќе го стори!

(4) 4. А не чини така! Тој секако ќе биде фрлен во Хутаме!

(5) 5. А знаеш ли ти што е Хутаме?

(6) 6. Огнот Аллахов разгорен,

(7) 7. кој до срцата ќе допира.

(8) 8. Тој над нив ќе биде затворен,

(9) 9. со огнени столбови засводен.