89 - Al-Fajr ()

|

(1) 1. Се колнам во зората,

(2) 2. и во десетте ноќи,

(3) 3. парни и непарни,

(4) 4. и во ноќта кога исчезнува!

(5) 5. Зарем за паметниот тоа не е заклетва?

(6) 6. Зарем не знаеш, со народот Ад, Господарот твој што стори;

(7) 7. и со жителите на Ирем, кои имаа градби со високи столбови,

(8) 8. на коишто слични во ниедна земја им немаше;

(9) 9. и со народот Семуд, кои ги делкаа карпите во долините,

(10) 10. и со фараонот што имаше шатори; -

(11) 11. кои на земјата насилство чинеа

(12) 12. и пороци на неа умножија.

(13) 13. Па Господарот твој со камшикот на страданието ги казни,

(14) 14. зашто Господарот твој, навистина, набљудува сè!

(15) 15. А човекот, пак, кога Господарот негов сака да го искуша, па ќе му покаже почест и ќе го опсипе со благодати, вели: „Господарот мој кон мене благородно постапи!“.

(16) 16. А кога, пак, ќе го искуша со сиромаштија, човекот вели: „Господарот мој ме понижи!“.

(17) 17. А не е така! Вие внимание на сирачето не му посветувате,

(18) 18. и сиромавиот да се нахрани – еден со друг не си советувате,

(19) 19. а наследството алчно го јадете

(20) 20. и богатството претерано го сакате!

(21) 21. А не чини така! Кога Земјата на парчиња ќе се здроби,

(22) 22. и кога Господарот твој ќе дојде со мелеците во редови наредени,

(23) 23. и кога тој Ден џехеннемот ќе биде доведен; тогаш човекот ќе се сети – а за што ќе му е тогаш сеќавањето?! -

(24) 24. и ќе рече: „Камо среќа за овој живот да се подготвев!“

(25) 25. Тој Ден никој како Него нема да казнува,

(26) 26. и никој како Него нема во окови да врзува!

(27) 27. А ти, о, душо смирена,

(28) 28. врати Му се на Господарот свој задоволна, а и Тој од тебе задоволен.

(29) 29. Па влези меѓу робовите Мои,

(30) 30. и влези во џеннетот Мој!