44 - Ad-Dukhaan ()

|

(1) 1. Ха-мим!

(2) 2. Се колнам во Книгата јасна,

(3) 3. Ние започнавме да ја објавуваме во Благословената ноќ, и Ние навистина опоменуваме;

(4) 4. во оваа ноќ се одлучува секоја совршено одредена работа,

(5) 5. по Наша заповед! Ние, навистина, испраќавме Пратеници

(6) 6. како милост од твојот Господар – Тој, навистина, сè слуша и сè знае -

(7) 7. Господарот на небесата и на Земјата, и на тоа што е помеѓу нив – ако цврсто сте уверени,

(8) 8. друг бог освен Него нема; Тој дава живот и смрт – Господарот ваш и Господарот на вашите дамнешни предци!

(9) 9. Но, тие се сомневаат и се забавуваат.

(10) 10. Затоа почекај го денот кога на небото видлив чад ќе се појави

(11) 11. кој луѓето ќе ги прекрие: „Ова е неиздржливо страдање!

(12) 12. Господару наш, отстрани го страдањето од нас, ние сигурно ќе веруваме!“

(13) 13. А како тие поуката ќе ја примат, авеќе им дојде вистинскиот Пратеник

(14) 14. од кого тие главите ги вртат и говорат: „Подучен – умно растроен!“

(15) 15. Ние страдањето малку помалку ќе го отстраниме и вие сигурно во неверството ќе се вратите;

(16) 16. но тој Ден кога со сета сила ќе ги зграпчиме, навистина ќе ги казниме.

(17) 17. А Ние и пред нив фараоновиот народ во искушение го ставивме, и им дојде благородниот Пратеник:

(18) 18. „Предајте ми ги мене Аллаховите робови! Јас навистина сум ви доверлив Пратеник,

(19) 19. и не воздигнувајте се над Аллах, јас ви носам очигледен доказ,

(20) 20. и јас Му се обраќам на својот и на вашиот Господар, да не ме каменувате,

(21) 21. а ако не ми верувате, тогаш оставете ме на мира!“

(22) 22. И тој го повика на помош Господарот свој: „Ова навистина е злосторнички народ!“

(23) 23. Изведи ги ноќе робовите Мои, по вас потера ќе тргне

(24) 24. и остави го морето нека мирува, тие се војска која навистина ќе биде потопена.“

(25) 25. И колку градини и извори оставија,

(26) 26. и ниви засеани и живеалишта прекрасни,

(27) 27. и благодети во коишто уживаа!

(28) 28. Тоа така се случи, и Ние тоа на други во наследство им го оставивме,

(29) 29. ниту небото ниту Земјата не ги оплакуваше, и не беа поштедени.

(30) 30. А синовите Израилови од понижувачкото страдање ги спасивме,

(31) 31. од фараонот – тој навистина беше горделив, еден од тие коишто во злото секаква мерка премина -

(32) 32. и знаејќи какви се, меѓу современиците ги одбравме,

(33) 33. и некои докази полни со очигледно искушение им дадовме.

(34) 34. А овие, навистина, велат:

(35) 35. „Постои само нашата прва смрт, ние нема да бидеме проживеани;

(36) 36. предците наши донесете ни ги, ако е вистина тоа што го велите!“

(37) 37. Дали се подобри тие218 или народот на Тубба и оние пред него? – нив ги уништивме бидејќи беа злосторници.
218 Во сила и моќ.

(38) 38. Ние не ги создадовме небесата и Земјата и тоа што е меѓу нив поради забава (без цел).

(39) 39. Ние ги создадовме со вистинита цел, но повеќето од нив не знаат.

(40) 40. Навистина Денот суден на сите нив рок одреден ќе им биде,

(41) 41. Денот кога пријателот нема нималку од корист на пријателот да му биде, ниту ќе бидат помогнати,

(42) 42. освен тие на кои Аллах ќе им се смилува, бидејќи – Тој е, навистина, Силниот и Милостивиот.

(43) 43. А дрвото Зеккум навистина е

(44) 44. храна за грешниците,

(45) 45. како растопена лава во стомакот ќе врие,

(46) 46. како што водата зовриена врие.

(47) 47. „Зграпчете го и среде огнот одвлечете го,

(48) 48. а потоа, на главата полевајте му вода што врие!“

(49) 49. „Пробај, та ти си, навистина, „моќниот“ и „почитуваниот“219,
219 Иронично кажано.

(50) 50. ова е навистина тоа во што се сомневавте!“

(51) 51. А тие што се плашеа од Аллах, тие на сигурно место ќе бидат,

(52) 52. среде градини и извори,

(53) 53. во свила и кадифе облечени и едни кон други свртени.

(54) 54. Ете, така ќе биде и Ние со хурии со крупни очи ќе ги жениме.

(55) 55. Во нив ќе можат безбедни, кој вид на овошје и да сакаат, да бараат;

(56) 56. во нив, по првата смрт, смртта веќе нема да ја вкусат и Тој од страдањето во огнот ќе ги сочува,

(57) 57. тоа благодет од Господарот твој ќе биде; тоа навистина успех голем ќе биде!

(58) 58. А Куранот го направивме лесен, на твојот јазик, за тие да примат поука,

(59) 59. па затоа чекај, и тие ќе чекаат!