55 - Ar-Rahmaan ()

|

(1) 1. Семилосниот,

(2) 2. подучува со Куран,

(3) 3. го создава човекот,

(4) 4. го учи да изговара.

(5) 5. Сонцето и Месечината по утврдени патеки пловат,

(6) 6. и ѕвездите и дрвјата се покоруваат,

(7) 7. а небото го крена. И постави Мерка - правда,

(8) 8. за да не ги преминувате границите на правдата,

(9) 9. и правилно мерете и на кантарот не кратете!

(10) 10. А Земјата за созданијата ја рашири,

(11) 11. на неа има овошја и палми со плод во чашки,

(12) 12. и жито со плевел и листови на стеблата,

(13) 13. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(14) 14. Тој, човекот од исушена глина, како што е грнчаријата, го создаде

(15) 15. а џинните од пламен оган -

(16) 16. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!-

(17) 17. Господарот на двата истоци и двата запади -

(18) 18. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(19) 19. Пушти две мориња да се допираат,

(20) 20. меѓу нив има преграда и тие не се мешаат -

(21) 21. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(22) 22. Од нив се вади бисер и мерџан -

(23) 23. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(24) 24. Негови се и бродовите кои како ридови високо по морето се издигнуваат -

(25) 25. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(26) 26. Сè што е на неа (Земјата) минливо е,

(27) 27. останува само Лицето на Господарот твој, Величествено и Благородно -

(28) 28. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(29) 29. Нему Му се молат тие што се на небесата и на Земјата; секој миг Тој се занимава со нешто -

(30) 30. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(31) 31. Ќе се позанимаваме со вас, о луѓе и џинни -

(32) 32. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(33) 33. О, групи од џинни и луѓе, ако можете низ слоевите на небесите и на Земјата да продрете, продрете, ќе можете да продрете само со голема моќ! -

(34) 34. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(35) 35. Врз вас огнен пламен и густ чад ќе ви се испрати, и вие нема да можете да се одбраните -

(36) 36. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(37) 37. А кога небото ќе се раздвои и како растопено масло румено ќе стане -

(38) 38. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(39) 39. Тој Ден луѓето и џинните за своите гревови нема да бидат прашани, -

(40) 40. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(41) 41. а злосторниците по белезите свои ќе бидат препознаени, па за косите и за нозете ќе бидат зграпчени -

(42) 42. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(43) 43. „Еве, тоа е џехеннемот кој злосторниците го негираа!“

(44) 44. и меѓу оган и зовриена вода тие ќе кружат -

(45) 45. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(46) 46. А за тој што од стоењето пред Господарот свој се плашел, ќе му припаднат два предели (во џеннетот)-

(47) 47. па, која благодет од Господарот свој ја негирате?!

(48) 48. полни со стебла разгранети -

(49) 49. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(50) 50. во кои ќе има два извора кои ќе течат -

(51) 51. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(52) 52. во нив од секое овошје по два вида ќе има -

(53) 53. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(54) 54. Потпрени врз постели чиишто постави од кадифе ќе бидат, а плодовите во двата предела на дофат на рацете ќе стојат -

(55) 55. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(56) 56. Во нив ќе бидат тие што гледаат пред себе, тие што, пред нив, ни човек ни џинн не ги допрел-

(57) 57. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(58) 58. како тие да се скапоцен камен и мерџан -

(59) 59. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(60) 60. Зарем наградата задобрина може да биде нешто друго освен добрина?!

(61) 61. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(62) 62. Освен тие два, ќе има уште два други незначителни предели -

(63) 63. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(64) 64. темнозелени -

(65) 65. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(66) 66. со два извора што прскаат -

(67) 67. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(68) 68. Во нив ќе има овошје и палми и шипинки -

(69) 69. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(70) 70. Во нив ќе има убавици со прекрасни карактери -

(71) 71. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(72) 72. Хурии во шатори скриени -

(73) 73. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(74) 74. кои, пред нив, ни човек, ни џинн не ги допрел -

(75) 75. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(76) 76. Тие ќе бидат потпрени на зелени перници, прекриени со волшебни и прекрасни килими -

(77) 77. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!

(78) 78. Нека е Возвишено името на Господарот твој, Величествениот и Благородниот!