67 - Al-Mulk ()

|

(1) 1. Благословен е Тој во Чијашто рака е власта – Тој може сè!

(2) 2. Тој што ги даде смртта и животот за да ве искуша кој од вас подобро ќе постапува; Тој е Силниот, Тој што простува,

(3) 3. Тој што седумте неба едни врз други ги создаде како слоеви – ти во тоа што Семилосниот го создава не гледаш никаков несклад, па повторно погледни да не видиш некаков недостаток,

(4) 4. потоа повторно двапати погледни, погледот ќе ти се врати истоштен и уморен.

(5) 5. Ниенајблискотонебососјајнисветилкигоукрасивмеигинаправивме оган за гаѓање на шејтаните, за коишто подготвивме страдање во огнот.

(6) 6. А за тиe што не веруваат во својот Господар, им припаѓа казна во џехеннемот, а тој е ужасно престојувалиште!

(7) 7. Кога во него ќе бидат фрлени, бучењето негово ќе го чујат, и тој ќе врие,

(8) 8. скоро да се распадне од бес. Кога и да се фрли група на луѓе во него, стражарите во него ќе ги запрашаат: „Зарем никој не доаѓаше да ве опоменува?“

(9) 9. „Да, доаѓаше тој што нè опоменуваше“ – ќе одговорат – „а ние негиравме и велевме: ,Аллах не објавил ништо, вие сте во голема заблуда!‘“

(10) 10. И ќе речат: „Да слушавме или да размислувавме, немаше да бидеме меѓу жителите на огнот!“

(11) 11. И тие ќе ги признаат своите гревови – па, жителите на џехеннемот огнен далеку нека бидат од нас!

(12) 12. За тие коишто од Господарот свој се плашат, дури и кога никој не ги гледа, има прошка и награда голема!

(13) 13. Зборувале вие тивко или гласно – па Тој сигурно ги знае мислите сечии!

(14) 14. А како и не би знаел Тој што создава, Тој што сè детално знае, Којшто за сè е известен.

(15) 15. Тој Земјата погодна ви ја направи, па одете по пределите нејзини и хранете се со тоа што Тој го дава, Нему по проживувањето ќе Му одговарате.

(16) 16. Дали сте сигурни дека Тој што е на небесата нема в земја да ве втера,кога таа ќе почне ненадејно да се тресе?

(17) 17. Или, дали сте сигурни дека Тој што е на небесата нема вам ветер со камења да ви прати? Тогаш би дознале каква е заканата Моја!

(18) 18. А негираа и тие пред нив, па каква само беше казната Моја!

(19) 19. Зарем тие не ги гледаат птиците над себе како со раширени крилја летаат, а и ги собираат? Само Семилосниот ги држи; Тој навистина сè добро гледа.

(20) 20. Или кој е тој што ќе биде ваша војска и ќе ви помогне вам, освен Семилосниот?! – Неверниците се само во заблуда.

(21) 21. Или, кој е тој што ќе ве нахрани, ако Тој храната своја ја скрати? – Но, тие се упорни во горделивоста и во бегањето од вистината.

(22) 22. Дали е на поисправен пат тој што одејќи се сопнува или тој што по Вистинскиот пат исправено оди?

(23) 23. Кажи: „Тој ве создава и ви дава слух и вид и ум, а вие малку заблагодарувате!“

(24) 24. Кажи: „Тој по Земјата ве расеа и пред Него ќе бидете собрани.“

(25) 25. А тие говорат: „Кога веќе еднаш ќе се случи таа закана, ако вистината ја зборувате?!“

(26) 26. Кажи: „Само Аллах знае! Јас сум должен само јавно да опоменувам.“

(27) 27. Кога казната одблизу ќе ја погледнат, очај ќе ги прекрие лицата на тие што не веруваа и ќе биде речено: „Еве, ова е тоа што го избрзувавте!“

(28) 28. Кажи: „Кажете ми вие мене: ако Аллах мене ми испрати смрт и на тие што се со мене, или ако ни се смилува, кој ќе ги заштити неверниците од неиздржливото страдање?“

(29) 29. Кажи: „Тој е Семилосниот, во Него веруваме и врз Него се потпираме, а вие сигурно ќе дознаете кој е во очигледна заблуда.“

(30) 30. Кажи: „Што мислите, ако ви пресушат водите, кој ќе ви даде протечна вода?“