77 - Al-Mursalaat ()

|

(1) 1. Се колнам во оние (мелеци) коишто еден по друг се праќаат,

(2) 2. па како виор итаат,

(3) 3. и во оние кои објавуваат,

(4) 4. па раздвојуваат

(5) 5. и Објавата ја доставуваат,

(6) 6. оправдување или опомена -

(7) 7. сигурно ќе биде тоа со што ви се заканува!235
235 Судниот ден.

(8) 8. Кога ѕвездите сјајот ќе го изгубат

(9) 9. и кога небото ќе се отвори

(10) 10. и кога планините во прав ќе се здробат,

(11) 11. и кога пратениците во одредено време ќе се зберат.

(12) 12. „До кој ден е одложено тоа?“

(13) 13. „До Судниот ден!“

(14) 14. А знаеш ли ти што е Судниот ден? -

(15) 15. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

(16) 16. Зарем Ние не ги уништивме древните народи

(17) 17. и по нив и оние коишто по нив доаѓаа?!

(18) 18. Исто така ќе постапуваме со сите грешници!

(19) 19. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

(20) 20. Зарем од незначителна течност не ве создаваме,

(21) 21. која на сигурно место ја ставаме

(22) 22. до рокот одреден?!

(23) 23. Таква е Нашата моќ; а како ли сме Ние само моќни!

(24) 24. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

(25) 25. Зарем не ја направивме Ние Земјата собиралиште

(26) 26. на живите и мртвите

(27) 27. и на неа неподвижни високи планини поставивме, и зарем не ви даваме Ние слатка вода да пиете?

(28) 28. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

(29) 29. Одете кон тоа што за невистина го сметавте,

(30) 30. одете кон чадот во три пламена раздвоен,

(31) 31. кој ладовина нема да дава и кој од пламенот нема да заштитува.

(32) 32. Тој како од кули ќе фрла искри,

(33) 33. како да се камили жолти.

(34) 34. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

(35) 35. Ова е Денот во којшто тие нема ни да прозборат

(36) 36. и правдањето нема да им биде дозволено.

(37) 37. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

(38) 38. Ова е Судниот ден, и вас и народите древни ќе ги збереме,

(39) 39. па ако знаете со некое лукавство да се послужите, обидете се против Мене!

(40) 40. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

(41) 41. Богобојазните ќе бидат меѓу изворите, и под сенките

(42) 42. и меѓу овошјето кое ќе го сакаат.

(43) 43. „Јадете и пијте, нека ви е пријатно, за тоа што го правевте.“

(44) 44. Така Ние ќе ги наградиме оние коишто прават добри дела.

(45) 45. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

(46) 46. „Јадете инасладувајте се, ноза кратко! – вие навистина сте грешници!“

(47) 47. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

(48) 48. А кога им се велеше: „Бидете понизни кон Аллах!“ - тие не сакаа да бидат понизни.

(49) 49. Тешко им тој Ден на тие што негираа!

(50) 50. Па во кој говор ќе веруваат, ако не во Куранот?!