82 - Al-Infitaar ()

|

(1) 1. Кога небото ќе се расцепи,

(2) 2. и кога ѕвездите ќе испопаѓаат

(3) 3. и кога морињата едни во други ќе се влеат,

(4) 4. и кога гробовите ќе се испревртат,

(5) 5. секој ќе дознае што подготвил, а што пропуштил.

(6) 6. О, човеку, што те измами толку та си Му непокорен на својот Благороден Господар,

(7) 7. Кој те создал – та направил да си складен и да си исправен -

(8) 8. и каков што сакал лик ти дал?

(9) 9. А не чини така! Вие во Судниот ден не верувате,

(10) 10. а над вас бдеат чувари,244
244 Мелеци.

(11) 11. кај Нас благородни писари,

(12) 12. кои знаат што правите.

(13) 13. Честитите сигурно ќе бидат во џеннетот,

(14) 14. а грешниците сигурно во џехеннемот,

(15) 15. на Судниот ден во него ќе горат

(16) 16. и веќе од него изведени нема да бидат.

(17) 17. А знаеш ли ти што е Судниот ден?

(18) 18. И уште еднаш: Знаеш ли ти што е Судниот ден?

(19) 19. Денот кога никој никому нема да може ни малку да му помогне, тој Ден власта единствено Аллах ќе ја има.