93 - Ad-Dhuhaa ()

|

(1) 1. Се колнам во утрото,

(2) 2. и во ноќта кога ќе стивне.

(3) 3. Господарот твој не те напуштил и не те замразил!

(4) 4. Оној свет, навистина, е подобар за тебе од овој свет,

(5) 5. а Господарот твој тебе сигурно ќе ти даде, па ќе бидеш задоволен!

(6) 6. Зарем ти не беше сираче, па Тој те заштити?

(7) 7. И за вистинската вера не знаеше, па Тој те упати?

(8) 8. И сиромашен беше, па Тој те збогати?

(9) 9. Затоа сирачето немој да го понижиш,

(10) 10. а просјакот немој да го одбиеш,

(11) 11. и за благодатите на Господарот твој кажувај!