96 - Al-Alaq ()

|

(1) 1. Читај во името на Господарот твој Кој создава,

(2) 2. го создава човекот од грутка крв!

(3) 3. Читај, зашто Најблагороден е Господарот твој,

(4) 4. Кој поучува со перо,

(5) 5. Кој го подучува човекот за она што тој не го знае.

(6) 6. Навистина човекот се вообразува

(7) 7. штом независен ќе се почувствува,

(8) 8. а кон Господарот твој, навистина сите ќе се вратат!

(9) 9. Го виде ли ти тој што му забранува

(10) 10. на робот молитвата да ја извршува?

(11) 11. Дали е тој на Вистинскиот пат,

(12) 12. или пак, наредува богобојазност?

(13) 13. Или лаже и главата од вистината ја врти?

(14) 14. Зарем не знае дека Аллах гледа сè?

(15) 15. Не чини така! Ако не престане со тоа, ќе го фатиме за чело,

(16) 16. за челото лажно и грешно!

(17) 17. Па, нека си го повика тој друштвото свое,

(18) 18. а Ние ќе ги повикаме Зебаниите.248
248 Зебании - мелеците казнувачи кои имаат задача да ги казнуваат џехеннемлиите (луѓето во пеколот).

(19) 19. Не чини така! Не слушај го ти него, туку на Господарот свој со сеџда поклони Му се и настојувај да Му се приближиш!